Свадба во есен: Роматично зближување со природата

Со настапувањето на септември ги гледаме никулците на раната есен. Ова е една од сезоните во кои прекрасната природа нè тера да се израдуваме на најлудите бои и нејзините златеникави нијанси.  Лисјата од дрвјата, жолтите сончогледи  и шипинка нè потсетуваат на боите и материјалите кои може да се користат за есенска декорација на свадбата.

3

Како што може да видите на фотографиите, за соодветната декорација се користат крем, портокалова, жолта,  розова боја  и орхидеи, како и црвено-портокалов калиум, кои може да се најде во тоа време на годината. Како акцент се става и шипинката.

2

Чаршафите, платнените салфети и чиниите се повторно во топли бои и нијанси, а свеќниците, столовите и чашите се во златно и сребрено што дава природен вид на декор. Другите  бои се комбинираат соодветно за есен, а порачуваме и  неколку нијанси на сива боја .

svadba-cover

Освен што ќе ги споите тематиката на есента и класичната бела боја на свадбата, можете да направите и уникатни тематски  покани, а вашите гости сигурно ќе останат импресионирани од нестандардната идеја.

2013-09-04 10_14_26-www.royalstylewedding.com

Исто така можете да  експериментирате и со невестинскиот букет. На местото на скапиот букет од природни цвеќиња, направете само  конуси со шипинка,  или додадете есенски лисја, а зошто не и сето заедно.

photo 2

На кошулата  на младоженецот наместо стандардниот цвет кој го става невестата од роза, може да го создадете истиот изработен од шишарка, обоена  во соодветна боја и украсена со панделка по избор. Сепак, ако вашата свадба е сосема наскоро, не двоумете се да користите било кој од денешните  предлози, а зошто да не и сите.

2013-09-04 10_15_08-www.royalstylewedding.com

- Реклама -