Целодневна свадба е за аматери.
Тоа најдобро го знае Амди Бајрам и неговата фамилија, со оглед на тоа што неговиот внук, Бајрам Јуниор и неговата драга Везира Агушева прават свадба со денови.
Тие ја започнаа венчавката во Амдипаша џамијата во Шутка, а во саботата имаше голема веселба за неколку илјади луѓе во салата Борис Трајковски во Скопје, а вчера попладне/недела, беше организирана голема прослава во Порта Македонија во центарот на Скопје, пишува Вечер.
Како што пренесува весникот денеска младоженецот заедно со своите другари ќе бидат пречекани во куќата на невестата на традиционалниот ромски обичај (мекици и јајца), а вечерта фамилијата на младоженецот ќе ги пречека сватовите Агушеви на џумалук во ресторанот “Матекс” во Шуто Оризари.
Погледнете дел од атмосферата.