Суспензија од два меча за Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти следните две средби на ПСЖ во францускиот шампионат како казна за црвениот картон што го заработи изминатиот викенд на дуелот со Сент Етјен.

Шведскиот голгетер сосема заслужено беше исклучен по бруталниот старт врз противничкиот голман, за што Дисциплинската комисија му врачи суспензија од два натпревари. Ова значи дека најдобриот фудбалер на ПСЖ ќе го пропушти гостувањето кај шампионот Монпеље, како и дуелот на домашен терен со Рен.

Останува да се види како фудбалерите на ПСЖ ќе се снајдат во отсуство на Ибрахимовиќ и дали ќе успеат да се задржат на врвот на табелата, со оглед на фактот дека имаат 22 бода, исто колку и Олимпик Марсеј, додека третопласираниот Лион има само еден бод помалку од „Светците“.

Златан Ибрахимовиќ, кој летово пристигна на „Паркот на принцовите“ од редовите на Милан, е најдобар стрелец во досегашниот тек од францускиот шампионат, постигнувајќи 10 погодоци на првите одиграни натпревари.

- Реклама -