Сусам – вистински чувар на здравјето!

Маслото од сусам е одлична первенција против создавањето на тромб, како и на тврда столица, ги намалува болките при ревматоиден артритис, а помага и при повреди, акни, чирови, изгореници итн.

Сусамот е долго време составен дел од нашата секојдневна исхрана и се користи на многу начини. За неговото лековито дејство против опаѓање на косата, првут, забоболка, тинитус, ишијас и сл. знаеле и античките Египјани, Асирците, Вавилонците, Индијците и Кинезите.

Еве неколку совети за тоа како да се излекувате со помош на оваа благотворна состојка:

sesame_rice_balls_ahero_

За луѓето кои немаат доволно калциум во телото, сусамот е одличен избор на храна. Доволно е една супена лажица да потопите во 0.5 децилитри јогурт и оставете го да отстои во текот на ноќта. Наутро испијте ја смесата на празен стомак. Оваа постапка повторувајте ја секое утро.

За лечење на хемороиди треба да смелете лажица сусам и да додадете две лажици вода. Мешајте додека да се згусне и додадете лажица путер. Се добро изматете и потоа намачкајте на парче тост и изедете.

Против изгореници – две лажички сусам потопени во чаша вода, оставете да се вари неколку минути. Потоа, течноста исцедете ја и оставете да се олади. Со вата натопена во изладениот чај, преминувајте преку разранетите места или испекотини повеќе пати дневно.

- Реклама -