Сурфањето на интернет е добро за мозокот

Повеќе... Последното научно истражување на мозочната активност кај постарите лица покажало дека користењето интернет ги стимулира центрите во мозокот за донесување одлуки и комплексното резонирање. Да, ова значи дека сурфањето е добро за вас.

мозочен скен читање наспроти сурфање.jpgПоследното научно истражување на мозочната активност кај постарите лица покажало дека користењето интернет ги стимулира центрите во мозокот за донесување одлуки и комплексното резонирање. Да, ова значи дека сурфањето е добро за вас.

Студијата направена од истражувачите на универзитетот во Калифорнија, беше изведена така што се кроистеа мозочни скенери врз 24 волонтери, на возраст од 55 до 76 години, од кои половината имале поголемо искуство со користење на интернет. Скенирањето било изведено на секој волонтер, еднаш додека читале книга, а вториот пат додека пребарувале на интернет.

Кај неискусните „сурфери“ немало разлика во мозочното стимулирање додека читале или биле на интернет. Истражувачите од ова извлекоа заклучок дека неискусните интернет корисници ги немаат доволно развиено вештините за да можат да се снаоѓаат добро во веб пребарувањето, што не значи дека тие не можат и да ги развијат истите. Споредено со читањето, луѓето на интернет треба да носат повеќе одлуки околу тоа каде треба да „кликнат“ за да дојдат до бараната информација.

Вториот заклучок е дека кај поискусните корисници на интернет, мозокот е повеќе стимулиран кога пребаруваат на интернет, отколку при читање книга и дека при тоа мозочната активност е покомплексна што допринесува за „вежбање“ на мозокот и подобрување на мозочните функции. Ова е добра вест за помладите на кои интернетот им е составен дел од секојдневните активности, но ова истражување повеќе е наменето за постарите генерации на кои интернетот може да им помогне да ги подобрат своите мозочните активности. [Internet use ‘good for the brain’]

- Реклама -