Microsoft ги најави новите Surface таблети кои ќе почне да ги продава кон крајот на октомври. Овој уред е директна конкуренција на iPad таблетот на Apple и ќе се продава во неколку модели.
32GB верзија на таблетот ќе чини $499, додека дополнителната тач тастатура/покривка ќе чини уште дополнителни $100. Моделот од 64GB со покривка има цена од $699.
Она што веќе оди на телевизиите во Америка е оваа извонредна реклама, со одлична кореографија и потези кои ќе сакате да ги гледате повеќе пати.
{youtube}8mSckyoAMHg{/youtube}
Една работа меѓутоа останува нејасна за обичниот потрошувач: Дали ова е таблет или лаптоп? Microsoft можеле и подобро да ги потенцираат предностите на Surface ако сакаат да тргнат по недопирливиот (во удел на пазарот) iPad.