Супермен Класик од Роб Прат (видео)

Супермен класикОва е најверојатно еден од најдобрите креации на фанови кои во моментов можете да го најдете на интернетот. Некои луѓе можеби нема да се согласат поради тоа што цртанот трае само околу една минута, но со традиционалната рачна анимација и прекрасната позадина од четириесетите Роб Прат создал нешто неверојатно.

{youtube}T2WVlmNqMMs{/youtube}

Прат е аниматор кој работел за Дизни на Pocahontas и Kim Possible. Тој вели дека бил инспираран од музиката од оригиналната Супермен серија која се емитувала во четириесетите, но поради изгледот на Лоис Лејн и џиновските роботи цртанот изгледа како модерна верзија на цртаните за Супермен на Макс Флеишер. Но тоа не е мана, всушност, единствената мана на овој краток цртан е што е краток.

- Реклама -