Кога мислиме на суперхероите, последно што ни поминува низ глава е дека и нив ги мачат секојдневните обврски и проблеми. Да ги видиме во секојдневни ситуации, како на пример, подигнувајќи ја облеката од хемиско чистење, и не е баш возбудливо, па речиси и да не постои таква илустрација. Освен сликите на Вилијам Врај. Тој ги отсликува суперхероите во најтивките моменти, претопени и незабележани од човештвото што ги опкружува. Така, Batman и Spider-Man прават пауза за цигара, Supergirl праќа смс, а Captain America пополнува документи на шалтер. Сликите на Врај не тераат да подзастанеме на момент и да размислиме „што ако“.