Супербабичка од Кавадаречко: Животот на село ја излечил од астма

„Има 78 години, а се радува и се смее со возбуда, како дете. Витална е и на снагата и во умот, како да е во најубавите години од животот. Ме пречека гостопримливо, како да ме знае отсекогаш, иако сосема случајно се видовме за прв пат“, раскажува Светлана Дарудова за МИА за бабичката која од скоро ја смета за своја нова пријателка.

А бабичката е Фидана Маркова. Родена е во село Драгожел, а се омажила и живее во Гарниково, Кавадаречко. На времето со сопругот имале 200 овци, но ги продале и заминале да живеат во градот кога детето требало да им се школува.

Синот израснал и се оженил, но градскиот живот никогаш не им легнал на Фидана и нејзиниот сопруг. Напротив, од воздухот во Кавадарци баба Фидана добила астма. Со години се акала по доктори, сé додека еден од нив му се обратил на дедото: „Дедо, ако сакаш да ти преживее, носи ја на чист воздух. Инаку нема да ти ја биде бабата“.

И биднало. Баба Фиданка и нејзиниот (сега за жал починат) сопруг се вратиле на село и продолжиле со живејачката одгледувајќи кози. Ја биднало и Фиданка. Денес таа изгледа како да ги живее најдобрите години, раскажува дописничката на МИА. Од астмата нема ни траг.

Многу повеќе ќе прочитате (и нема да зажалите) во целосната сторија – ТУКА.

 

- Реклама -