Иако сите луѓе што го чекаат „крајот на светот“ се загледани во небото во исчекување на астероидот што „ќе ни пресуди“, крајот на цивилизацијата можеби ќе дојде од под површината на нашата планета.
Веќе е познато дека вулканите се одговорни за повеќе истребувања на најголем дел од живиот свет на Земјата, отколку астероидите. Но, сè до сега се мислеше дека се потребни илјадници години од мигот кога ќе започнат да се оформуваат, до мигот кога ќе дојде кобната ерупција.
Според најновите истражувања, се покажало дека ерупции со јачина неколку илјади пати поголема од ерупцијата на островот Света Елена во 1980 година може да се случат по само стотина години од оформувањето на вулканот.
Во споредба со супер вулкан, глобална нуклеарна војна ќе наликува на детска играчка. Ерупцијата на вулканот ќе исфрли толку многу пепел во атмосферата што сонцето ќе биде блокирано со децении, што пак со сигурност ќе доведе до истребување на најмалку 95 проценти од сите животински видови.
Иако научниците внимаваат на неколку потенцијални супер вулкани, коишто се наоѓаат во северот на Калифорнија, во паркот Јелостоун, итн., ниту еден не покажува знаци на активирање или пак на зголемување на басенот на лава. Па така, барем за сега немаме причини за загриженост.