„Супер Радио“ vs. „Телма“: Да сакавме да одгледуваме фикуси, ќе отворевме цвеќара

Како што известија дел од медиумите, од пред еден месец (неколку недели пред референдумот) на новинарите од „Телма“ им било забрането своите лични ставови да ги искажуваат на социјалните мрежи. Во известувањето, потпишано од главниот и одговорен уредник на „Телма“ – Атанас Кировски, се вели дека секое прекршување на забраната ќе биде санкционирано (повеќе околу ова на „Фокус“).

Инспирирани од ова, известување до своите вработени, во свој стил, испратил и уредничкиот колегиум на охридското „Супер Радио“, со порака дека вработените можат кога сакаат, колку сакаат и каде сакаат да ги соопштуваат своите ставови.

„Вработените во СУПЕР РАДИО се вработени во СУПЕР РАДИО токму поради тоа што имаат свое мислење и личен став за одредени теми во јавноста, преку социјалните мрежи или медиуми.

Тоа си се ваши лични ставови и да си соопштувате кога, каде и како сакате. Да сакавме да одгледуваме фикуси, ќе отворевме цвеќара.

Од тие причини, фурајте си батиња, СУПЕР сте. Само опуштено…

mwa/кисче од уредничкиот колегиум“, пишува во известувањето.

 

 

- Реклама -