Сигурно е дека нема да ви се допадне галаксијата NGC 1277. Покрај тоа што е сместена на 220 милиони светлосни години во соѕвездието Персеј, проблемот е што во нејзиниот центар се наоѓа масивна црна дупка со маса 17 милијарди пати поголема од нашето сонце.
Оваа црна дупка е толку масивна што таа опфаќа 59 проценти од масата на дискот на галаксијата. Астрофизичарите долго време веруваа дека има црна дупка во центарот на нашата галаксија, но таа опфаќа само околу 0,1 проценти од центарот на галаксијата. Црната дупка во NGC 1277 е втората најголема досега откриена галаксија, и ги менува сите претпоставки за начинот на кој се формираат галаксии.
Црните дупки се небесни тела кои достигнуваат маса која создава гравитација која привлекува сè во околината – ѕвезди, планети, материја, енергија па дури и светлина. Научниците од Земјата можат само да го набљудуваат ефектот на црната дупка врз околината. Црните дупки им овозможуваат на научниците да го објаснат спиралниот облик на многу галаксии – ѕвездите мораат да орбитираат околу нешто масивно – но NGC 1277 е екстремен случај.
„Ова е навистина чудна галаксија“ изјавил Карл Гебхард од Универзитетот од Тексас во Остин, кој бил дел од тимот кој ја открил галаксијата. „Галаксијата е речиси целосно црна дупка. Ова би можело да биде првиот предмет во нова класа на галаксии.“ Гебхард и неговите колеги од McDonald Observatory ги пресметуваат масите на различни црни дупки – што не е лесно со оглед на моќната гравитација.
Истражувачите составиле анимација на начинот на кој ѕвездите во таа галаксија ќе се однесуваат, летајќи околу центарот за да не пропаднат во црната дупка. А што би виделе ако живеете на планета во таа галаксија? Најверојатно многу нелогична слика бидејќи црните дупки имаат толку моќна гравитација што ја извртуваат вселената околу нив.