Промената на температурите во септември на многумина им донесоа настинка, со симптоми како затнат нос, болки во грлото, кивање, кашлање…Причината најчесто е во тоа што не сме соодветно облечени, а утрото и вечерите се изразено студени за овој период од годината. Немојте веднаш да се насочите кон лекови, туку обидете се настинката да ја излечите н природен начин кои ќе ви го подобри имунитетот и ќе ги прочисти дишните канали.
Топлата домашна говедска чорба или пилешка супа, докажано помагаат да ја совладате настинката, а додека уживате во нивиот вкус не сте ни свесни дека ги инхалирате и носните канали. Многу е важно во супата да конзумиратесвеж зеленчук, како целер, компир, кромид. Нутриционистите предлагаат да додадете и лист зелка, свежа пиперка и корен џумбир, бидејќи влијаат на здравјето.
За грлото напијте се чај од жалфија за да го спречите развојот на бактерии.
Сауната исто така може да биде ефикасно решение кај настинката која не е предизвикана од вирус. Кога добро ќе се испотите ќе исчене и преладувањето. Доколку не сте љубител на сауна, навечер ставете ги нозете во топла купка и долевајте топла вода додека можете да издржите. Опуштете се, па легнете да спиете. Докажано е дека помага.