Сумирано: Што рекоа познатите за Супер купот

Супер купот помина, еуфоријата спласна, впечатоците се избистрија. Да видиме:

Заев: Нека не ве лаже пропагандата на ВМРО, можеби стадионот се изгради во нивно време, ама ја сум тој што е најзаслужен за овој настан!

Груевски: Нека не ве лаже пропагандата на СДСМ, можеби настанот помина одлично во нивно време, ама јас сум тој што е најзаслужен за овој настан!

Тимот на УЕФА: Лол кип токинг лузерс!

Миленко: Добра утакмица, фала богу не беше Бербатов, имаше да го демолирам ко споменик. Али за утакмицата имам да кажам дека сепак, фудбал е, с се случува… сепак топка е, рамна е, сé се тркала….

Иванов: Одлично, баш со фамилијата дома седнавме на телевизија гледавме, жената го стави тоа ДВД-то и стварно добро, ептен ме израдува тројката на Владо, али малце ми изгледаше ко да сум го гледал некад… и не знам зошто на ДВД гледавме натпревар во живо… али добро сега не мора да ви објаснувам зашто, сфатете си како сакате..

Џаро: Ова беше местено, ја го знаев тоа. Што? Какви се шансите Реал и Јунајтед да се паднат во Скопје? Ја го имам ова наместено одамна, и сега ќе ви кажам детално… значи сé започна кога Здравко Чолиќ за прв пат фати микрофон…

Роналдо: Значи ја стварно сум играл на многу стадиони, али да играм на стадион каде што Шумуликовски еднаш направи погрешен пас… навистина ми е огромна чест… СУУУУУУУУУ

Меси: Навистина ептен огромен ривалитет имам со Роналдо, секогаш сакаме да бидеме подобри од другиот, ама фактот што вчера Роналдо беше во градот во кој што живее Мирка Велиновска ме тера да признаам дека сепак можеби КР7 е подобар од мене…

Нејмар: Можда сум сега во Париз, али баш гледав онака нешто од Скопје видеа и видов пар ромчиња како дајваат во тоа фонтаните, и ептен ме израдува што сум им идол.

Саше Политико: Господине Мурињо.. зошто игравте на стадион одобрен од ВМРО? Зарем не сметате дека вие како светска фаца треба да се борите против режимот?? Не треба да бидете пример за младите? Зошто не гласавте на последните избори во Македонија??? Мислите дека тоа што ВМРО не е на власт дека го уништи нивниот режим? Не! Ало дечко зашто ме тегнеш од пресов… ало…. ама да го прашам Мурињо сакав…… НАСИЉЕЕЕ!! АЛОООО! ПА ЈАНКО ВАКА НЕ МЕ БУТАШЕ БЕ! ОБЕЗБЕДУВАЊЕЕЕ… што? ти си обезбедување? Па зашто ме вадиш од пресов? Што? Глупи прашања поставувам? А КАЈ БЕШЕ ТИ ДА СЕ БОРИШ ПРОТИВ РЕЖИМОТ???

Васко Ефтов: Супер Куп. Зошто е Супер? Зошто да не биде многу добар? Дали куп е кратенка за Criminals United for Petrol? Дали нафтата во Македонија ќе биде уништена од Американците? Дали Супер купот е параван за ИСИС? Зошто Јунајтед потрошија 100 милиони за Погба? Дали се нормални? Дали им ставаат нешто во водата? Зошто Мурињо го обожава Погба? Дали Заев ќе го продаде името? Дали Манчестер Сити ќе го смени името во Манчестер во заграда горен и плав? Кој го уби Ченто? А кој го уби Џеј-Ар во “Далас”? Зошто младите нема да ја сфатат оваа референца? Дали тоа што го спомнав зборчето “референца” ве потсети на привременета референца? Дали ќе има референдум? Ќе дознаеме после рекламите…. или не.. ова е фејсбук пост… нема тука реклами… има коментари… некој што нема способност за читање ќе пише дека е долго… и така…. гледајте Во Центар, бидејќи “Во Карпош Три” не звучеше како добро име за емисија

Али Ахмети: Ја……овај…….Роналдо….го поштуем….го има пукано со десница…..као ја шо сум го овај….пукал….на времето…..у шумите……форца шкендија……и милан…..

Талат: Ало! Седите море луѓе еј! Што се радувате! Една победа е ова у Супер Куп! Ало Реал! Ќе изгубите и вие кај и да е….седите море хеееј.

Сите заслуги одат за Златко Стефковски, виа Фејсбук

- Реклама -