Сулејман Реџепи разрешен од позицијата поглавар на ИВЗ

Тазе женетиот Сулејман Реџепи ќе има повеќе време да се посвети на бракот откако денеска, на вонредна седница, Риасетот на Исламската заедница го разреши од позицијата поглавар (Рејс Ул Улема) на ИВЗ.

За разрешување на Реџепи гласале мнозинство од муфтиите, односно две третини.

„Ние долупотпишаните, врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои сочинуваат повеќе од 2/3 мнозинство на риасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ“, соопшти гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху, кој ќе биде привремен претседател на ИВЗ сѐ до избopoт на нов реис.

Фетаху не ја наведе причината за разрешувањето на Реџепи, ниту пак наведе кој го побарал и дали можеби било желба на самиот Реџепи.

Реџепи во многу наврати беше во фокусот на медиумската јавност, што поради cкандалозните постапки, што поради cкандaлозните изјави. Последен пат насловите ги наполни за Рамазан Бајрам, кога го прогласи вирyсот Ковид-19 за умpeн, во мигови кога мерките значително олабавуваат и главниот товар се пренесува на совеста на граѓаните.

 

- Реклама -