Сулејман ќе вечера со Цеца

Во вистинскиот живот Сулејман нема харем, но затоа е секогаш опкружен со прекрасни жени. Актерот ужива во својот брак со прекрасната Шехерезада ( Бергузар Корел), а во моментов е во посета на Србија, па ќе пие кафе со Цеца.

Халит Ергенч, пред пристигнувањето  во Белград рекол дека сака да запознае дел  од домашните музичари, а конкретно изразил желба лично да ја запознае Цеца, но и Горан Бреговиќ. Се очекува тие заедно да вечераат во пријатна атмосфера каде ќе можат да споделат многу искуства.

Халит на србите  им раскажал дека  дека многу го почитува тоа што на  концертите на Цеца  доаѓаат и по 100.000 луѓе а , тоа е една од причините поради која би сакал и да ја запознае. Истовремено, ќе се запознае и со Бреговиќ, кој и во Турција е познат како еден од најценетите уметници во светот.

Прочитајте и:  Дачиќ: Црногорската полиција го одзеде телефонот од сопругата на убиениот терорист, го испраќа во Србија на вештачење
- Реклама -