Ако една од вашите желби годинава беше да ја згаснете онлајн активноста, тогаш можеби ќе бидете возбудени кога ќе го погледнете новиот сервис наречен Web 2.0 Suicide Machine. Сајтот кој се појави во Декември 2009 ви овозможува засекогаш да се одјавите од социјалните сервиси како Twitter, LinkedIn и MySpace.

До пред неколку дена овој сервис овозможуваше и бришење на Facebook сметката, меѓутоа кога компанијата ја сфати опасноста за својата заедница реши да банира пристап од серверите на Suicide Machine поради прекршува на правата за користење.
Suicide Machine е сервис кој наместо да го избрише вашиот профил веднаш, тоа го прави со водење низ сметката и бришење на сите конекции едно по едно преку скрипта. Пред да заврши, ја менува сликата на вашиот профил и вашата лозинка, така што не би можеле да се вратите и да „воскреснете“. Постапката е автоматизирана и не трае многу.
{youtube}1i8ZDR6Z63I{/youtube}
Сепак, многу кои го користеле сервисот тврдат дека некои „мртви“ профили се уште имаат пријатели. Можеби најдоброто решение за да ги отстраните вашите податоци се алатките кои ги нуди самиот социјален сервис. [Facebook cuts off Suicide Machine access]