СУГС „Владо Тасевски“ – заслужено на врвот меѓу скопските средни училишта

Велат дека добриот глас далеку се слуша.  А, судејќи по резултатите од првите две пријавувања во првиот уписен рок, нашиот тим е на вистинскиот пат.

Во понеделник, на 29 јуни, е третото пријавување од првиот уписен рок. Искрено веруваме дека во понеделник ќе подвлечеме линија и максимално ќе ги пополниме своите капацитети и дека учебната 2020/2021 ќе ја започнеме задоволни што се исполнети сите наши планови и проекции и што нашата мисија конечно станува реалност!

Голема благодарност до сите ученици кои се определија да станат дел од нашето училиште и нам ни ги доверија своите средношколски години. Ние сме сигурни дека го направија вистинскиот избор и дека избраа училиште во кое ќе стекнат квалитетно образование и практично искуство што ќе им овозможи директно да се вклучат на пазарот на трудот, но и соодветно да се  подготоват и да го продолжат образованието на високообразовните институции.

Сепак, едно потсетување за оние кои сè уште не се запишале или немаат конкретен одговор на прашањето: Каде понатаму?

СУГС „Владо Тасевски“ е средно стручно училиште во кое воспитно-образовната дејност се остварува според наставните планови и програми за средно стручно образование.  Застапени се три струки со следниве профили: електротехничка (електротехничар за електроника и телекомуникации и електромеханичар), сообраќајна (техничар за транспорт и шпедиција и техничар за железнички сообраќај) и машинска струка (машинско-енергетски техничар / техничар за производно машинство  и инсталатер за греење и климатизација. Наставата се реализира на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик (паралелките на албански наставен јазик работат во рамките на СУГС „8 Септември“).

Во учебната 2020/2021 година во нашето училиште, во соработка со германската компанија за медицинска пластика „Гересхајмер“, ќе се формира комбинирана паралелка во машинска струка, во која ќе се воведе нов профил техничар за производно машинство. Ќе биде спроведено тестирање на учениците и пет најдобри ученици ќе можат да реализираат практична настава во компанијата. Учениците од завршната четврта година ќе имаат можност да полагаат матура и да се запишат на факултет, а оние кои ќе одлучат да не продолжат понатаму со своето школување, ќе имаат можност за вработување во компанијата „Гересхајмер“.

Има многу причини да станете дел од најдоброто средно стручно училиште во Скопје. Направете вистински избор – инвестирајте во квалитетно образование.

Станете дел од тимот што победува!

Ве очекуваме!

Текстот е објавен во соработка со СУГС „Владо Тасевски“

- Реклама -