Судот одреди мерка притвор за бизнисменот и советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини, објави „Сител“.
Притвор е одреден и за неговиот брат, кој исто така учествувал во нападот на охриѓанецот Спире Топалоски. Претходно, тие добија кривични пријави од охридската полиција:
„СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.У.(45) и И.У.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘насилство’ и ‘неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали’“, соопшти МВР.