Во судот се игра пинг понг меѓу кривичниот совет и судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска за тоа кој ќе решава за амнестиите, објави „Телма“.
Барањата биле испратени кај судиите кои го водат случајот, но тие ги вратиле. Судијката Добрила Кацарска вели дека не ни помислува да ги носи одлуките. Нејзиното образложение е дека според законот не е надлежна за тоа:
„Јас го читам законот и никаде не пишува дека судечкиот совет одлучува за амнестијата. Триесет години сум судија и ова не се случило, секогаш за амнестии одлучувал кривичен совет, а се консултирав и со други искусни судии. Што ако јас донесам одлука за амнестија а повисокиот суд ми ја поништи, тогаш јас веќе сум ја прејудуцирала пресудата која подоцна ке треба да ја донесам. И по цена на разрешување нема да го сторам тоа“, вели Кацарска.