Судијка решила 388 предмети, само тој за Телеком стоел цела година – утврди Судскиот совет

Судскиот совет на денешната јавна седница образложуваше дали тројцата судии од Апелацискиот суд Скопје кои досудиле Македонски телеком да плати отштета од 4 милиони евра на фирма човек од Штип, постапиле законски или под нечиј притисок.

Од Судскиот совет даден е предлог по овој извештај да постапува ОЈО Скопје.

Во извштајот што денес беше презентиран на седница од Судскиот совет беше кажано дека не може да има реферирање за било кој предмет без списите да бидат доставени на увид. На дел од членовите Извештајот не им беше јасен, а пак оние другите велат дека фактите јасно говорат дека има пропусти, пренесува МКД.мк.

Членовите на Комисијата која го разгледуваше овој Извештај прашаа како ќе ја враќаме довербата во судството ако се носат одлуки без да се видат списи на предметот. Ова беше посочено како прва забелешка во постапувањето за овој предмет.

Втората забелешка на членовите на Судскиот совет беше тоа што има преиначена одлука од Апелацискиот суд, а не е одржана јавна расправа, а притоа се утврдувале нови факти. Има устни изјави дека постои изготвување на втор записник, но членовите на Судскиот совет велат дека тоа никаде не постои.

Трет проблем во нозењето на одлука и постапувањето за овој случај е тоа што откако е доделен предметот во работа, на судијката која постапувала по него и се доделени 388 предмети, од кои само 95 имале карактер на итност, но сите други се решени, па дури и верифицирани, а овој предмет стоел цела година. Сега на потег се обвинителите од ОЈО Скопје кој треба да утврдат дали има вина кај некој судија за донесената одлука.

Во овој предмет станува збор за судски спор од 2008 година помеѓу штипската фирма Фокуснет и Македонски телеком откако Македонски телеком го раскинал договорот за изнајмување на интернет капацитети, поради неисплатени долгови.

МКД.мк

- Реклама -