Судењето за „Монструм“ се одложува – Фетаи во самоизолација, нејзиниот колега Бубевски позитивен на коронавирус

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од поранешното СЈО, е позитивен на коронавирусот, а поради тоа и неговата колешка – овинителката Фатиме Фетаи, со која заедно седат на рочиштата, ќе оди во 14-дневна самоизолација. Поради ова, одложено е рочиштето за случајот „Монструм“ за убиството кај Смилковско езеро, за 26 август годинава.

Како што пренесува „Фактор“, Фетаи нема да присуствува ниту на судењето закажано за 9 јули за случајот „Насилство во Центар“. Во изјава за порталот, таа вели дека нема симптоми, исто како што нема ниту Бубевски, но поради тоа што работат и седат заедно на рочиштата, епидемиолошката анкета наложува да оди во самоизолација. Повеќе ТУКА.

 

 

- Реклама -