Студија за сексуалното поведение на младите бездомниц

Студија за сексуалното поведение на младите бездомнициРизичното однесување поврзано со недостатокот на социјална поддршка, надгледувањеСпоред Институтот UCLA AIDS, новонастанатите  млади бездомници влегуваат во ризично сексуално поведение ако останат во нефамилијарно опкружување – како домови за деца, напуштени згради или на улиците – бидејќи им недостига надгледување и социјална поддршка.Според оваа студија, која моментално е достапна во онлајн изданието на Journal of Adolescent Health, употребата на дрога исто така е поврзана со ова поведение.Ова е прв пат изтражувачите да ги следат новонастанатите млади бездомници – оние кои се надвор од дома во период меѓу  еден ден и  шест месеци до некој временски период, за да се следат трагите на промените кои настануваат во нивното поведение. Истражувачите испитувале како индивидуалните фактори, како социодемографските карактеристики, депресијата и злоупотребата , и структуралните фактори како животните ситуацијата , можат да влијаат на сексуалното однесување.„Причината зошто овие откритија се важни е што во минатото вниманието секогаш било насочено кон личните фактори кои го предизвикуваат ова однесување , а не кон животните ситуации, кои исто така можат да влијаат на ова однесување,“ вели главниот автор Dr. M. Rosa Solorio, асистент професор по семејна медицина на David Geffen School of Medicine at UCLA и член на UCLA AIDS Institute. „Кога ќе погледнеме во младите бездомници , треба да ги разбереме овие структурални фактори ако сакаме да го намалиме нивното ризично поведение и да ги заштитиме од сексуално преносливите болести како што е сидата.“ Истражувачите идентификувале 261 ново дете бездомник во Лос Анџелес на возраст помеѓу 12 и 20 години и ги следеле во период од 2 години, интервјуирајќи ги по 6 пати на почетокот, а потоа на 3, 6, 12, 18 и 24 месеци за симптомите на депресија, животните прилики, употребата на одредени супстанци, бројот на сексуални партнери и употребата на кондоми. На почетокот од истражувањето 77%  рекле дека се сексуално активни, но тој процент се зголемил на 85% на крајот од истражувањето. Машките повеќе ги менувале сексуалните партнери ако користеле дрога и живееле далеку од членовите на семејството. За женските , користењето на дрога бил примарен индикатор за ризично сексуално поведение. Исто така и употребата на кондоми се намалува ако тие живеат во опкружување далеку од нивните фамилијарни врски и ако користат дрога; а ниеден од овие фактори не влијаел врз употребата на кондоми кај машките. Исто така истражувачите откриле дека за родените американци или латиноамериканци е помалку веројатно дека ќе стапат во сексуална врска со повеќе партнери отколку девојките од другите раси или етнички заедници. „Иако полот и некои расни/етнички разлики влијаат на ризичното сексуално поведение ,  оваа студија покажува дека живеење надвор од семејството и употребата на дрога се најистакнати фактори во објаснување на ова поведение. Нашите откритија покажуваат дека интервенциите насочени кон намалување на ризичното сексуално поведение, сексуално преносливите болести и ХИВ меѓу младите бездомници , треба да бидат насочено кон згрижување на децата и младите и нивно надгледување и социјална поддршка ( во семејства или во домови) како и намалување на злоупотребата на дрогата“- велат истражувачите. дете бездомник

- Реклама -