Студентски „Пелагонија“ или студентска депонија? Академските граѓани ѓубрето си го фрлаат под прозор (ФОТО)

Каде македонските студенти го фрлаат ѓубрето? Па сигурно не во Германија, каде што веројатно најголемиот дел од нив планираат да ја поминат својата иднина.

На друштвените мрежи е објавена фотографија која покажува дека на дел од „академските граѓани“ во студентскиот дом „Пелагонија“ во скопска Кисела Вода им е тешко ѓубрето да го носат до контејнер, па го фрлаат директно под прозор.

За разлика од ѓубрето, раководството на домот по сè изгледа мува не го лази (што е евидентно од фотографијата), па не би било чудно и воопшто да нема контејнер (не велиме дека нема, само дека не би било чудно). Но дури и тогаш има алтернативи. Сепак ова се идните академски граѓани, нека бидат креативни, нели? На пример, еве, да прошетаат до следниот најблизок контејнер, можеби?

„Што ќе ни е политика кога нам ни треба колективно некој да ни расчачка по тоа главите и еден добар час по општа култура, хигиена, комуникација, ресоцијализација…”, стои во описот на фотографијата.

- Реклама -