Студентска мини-куќарка

Архитектите од Tengbom, во соработка со студентите од универзитетот во Лунд, креираа студентска соба од 10 квадратни метри. Предизвикот се состоеше во тоа да се најде еколошки, паметен и финансиски достапен дизајн, кој ќе ги содржи сите основни потреби на еден студент. „Колибата“ беше изложена во „Virserum Art“ музејот во Смаланд, Шведска. Се очекува дека во 2014 веќе ќе бидат изградени 22 единици, спремни за вселување.

22

Микро-куќата, покрај тоа што е ефтина, енергетски ефикасна и со еден збор – практична, е и прекрасно дизајнирана. Направена е од ламинирано дрво, што ја редуцира емисијата на јаглерод, а техниката на составување овозможува да биде изградена на лице место, со што се намалува времето на конструкција и импактот на околината.

55

33

Ентериорот овозможува доволно простор за секојдневно живеење, а елегантно заоблените линии му даваат изненадувачко чувство на удобност и ведар дух на објектот. Од друга страна, екстериерот се состои од остри геометриски линии, што придонесуваат за строгиот изглед на микро-колибата. Двете страни без врати и прозори се само знак дека објектот може да биде сместен и во екстремно тесни простори, без притоа да биде намалена функционалноста и удобноста.

44

11

Студентската микро-куќа на Tengbom несомнено поставува нова граница до која може да се редуцира просторот за секојдневно живеење, а да се задржи функционалноста и удобноста.

66

 

- Реклама -