Во типичен ден, студент од Емори Универзитетот поминува часови со својот лаптоп барајќи ја најновата музика на интернет. Таа користи сајт кој ја собира музиката препорачана од блогови за да ги открие новите автори и песни, ја стримува на интернет и ја споделува со своите пријатели преку Facebook група.
Но таа ретко купува песни или албуми. „Ако навистина ми се допадне некој изведувач и сакам да го подржам тогаш ќе ја купам неговата музика“ вели 21 годишната Ким. „Можете да најдете музика на радио и ТВ, но тие песни се избрани за вас. Интернетот овозможува вие да си ја бирате вашата музика. Ова е полично искуство.“
Младите слушатели како Ким ја претставуваат неизбежната промена за музичката индустрија која се труди да се движи со времето уште од ерата на Napster на крајот од минатиот век. Пред пет години љубителите на музика мораа да бираат помеѓу купување на CD или спуштање на албум. Денес, благодарејќи на појавувањето на музички сервиси како Pandora и Spotify, тие бираат помеѓу спуштање на музиката или слушање директно на интернет.
Во интервјуа со љубители на музика по колеџи се открива дека сè повеќе од нив бираат стримување наместо спуштање. Сепак, зошто да плаќате за музика ако истата ви е достапна насекаде во секое време, бесплатно? А растот на музички апликации, онлајн радио канали и платформи за стримувње на музика отвараат и ново прашање: Дали воопшто има потреба да се „поседува“ музика?
„Последниот пат кога купив CD уште бев во основно и не ни памтам што беше“ рекол 21 годишниот Шон Вилсон од Атланта Џорџија. „Деведесет проценти од моите пријатели слушаат музика на интернет. Искрено не сум видел некој да користи iTunes долго време.“ Тој верува дека за пет години „стримувањето ќе стане норма. Попрактично е и подостапно од купување музика која пота треба да ја ставате во iPod. И најубаво е што е бесплатно.“