Научниците од Финска дошле до заклучок дека што поголем стрес доживуваме на работа, толку постари ќе изгледаме. До заклучокот дошле откако направиле мерење на поединечни делови од ДНК и забележале дека нивната должина варира во зависност од стресот.
Познато е дека стресот доведува до разни болести, но покрај тоа стресот додава и години. Оние испитаници кои имале поголем стрес на работното место имале многу пократки нишки на ДНК што претставува директен и сигурен доказ – велат истражувaчите.
Истражувањето вклучило 3.000 испитаници на возраст од 30 до 64 години. Од нив имало и луѓе за кои се смета дека ги работат најстресните професии и токму кај нив нишките на ДНК биле најкратки.
Нормално е да се кратат нишките на ДНК со текот на годините, но кај поедини професии тоа се случува многу брзо. Единствен лек за оваа состојба е да се намали стресот, но тоа денес не е така лесно изводливо.
Објавено во соработка со За Здравје.