Страшните филмови навистина ја “замрзнуваат” крвта

Крвна анализа на волонтери за време на гледање на хорор филмови потврдилa дека стравот навистина ја зголемува концентрацијата на материи во организмот, кои ja тераат крвта да се намалува, станува јасно од написот објавен во списанието. BMJ.

horor
Од средниот век во англискиот јазик има ред изрази кои сведочат дека жителите на Англија од тоа време сметале дека крвта или замрзнува, или се лади до ниски температури, или се намалува при силни напади на страв. Слични фрази и зборови има во многу јазици, како и кај нас.

Фриц Розендал од Универзитет во Холандија и неговите колеги одлучиле да проверат дали имаат овие изрази реален биолошки предуслов, па така собрале група од дваесетина волонтери кои се согласиле да гледаат хорор филм за време на давањето на крв за анализа.

Половина од учесниците во експериментот, и покрај ветувањата на научниците, биле принудени не да гледаат хорор филм, туку документарец за производство на шампањ во Франција. По гледањето на секој од филмовите волонтерите пополниле анкета, во која требало да опишат колку биле исплашени.

Како што покажале анализите, стравот и ужасот навистина ја “замрзнуваат” крвта – гледањето на хорор филмови значително го зголемува нивото на т.н. фактор на коагулација VIII во крвта на околу половина волонтери – еден од клучните протеини одговорни за заздравувањето на раните и формирање на згрутчувања во садовите.
Спротивно на тоа документарниот филм не предизвикал аналогна реакција кај истите учесници во експериментот – во овој случај концентрацијата на факторот VIII паднала речиси кај 90% од учесниците.

Тоа зборува дека овој биолошки феномен е поврзан со стравот, а не само со гледањето на видео, што ги потврдува сомнежите на средновековните жители на Европа.

- Реклама -