Според нова студија, страчките ги памтат лицата на луѓето кои се однесуваат агресивно кон нив и често реагираат со собирање групи за напад врз злосторникот. Бидејќи секој член на таа група учи за акциите на лицето кое се однесува заканувачки, лошото искуство на само една страчка со еден човек може да прошири информации за личноста низ цели заедници.
Бидејќи страчките имаат импресивни мемории, луѓето кои ги малтретираат овие птици можат да се соочат со одмазда која ќе трае со години. Според авторот на студијата, Џон Марцлуф, малтретираните страчки можат да започнат само со „агресивно гракање кое ги повикува останатите страчки во околината да се придружат на групата“. „Групата, која може да содржи од 2 до 15 птици почнуваат со одмазда, некогаш се спуштаат од небото на само неколку метри од нас или дури и помалку – Оваа потера може да трае до околу 100 метри од местото на настанот.“
Марцлуф е професор од Универзитетот од Вашингтон. За студијата, тој и неговите колеги Хедер Корнел и Шенон Пекораро им претставиле „опасно лице“ носејќи уникатна маска додека фаќале, маркирале и ослободиле 15 прици на пет локации во близина на Сиетл. Ослободените птици веднаш започнале да гракаат кон носителот на маската. Слушајќи го повикот, други страчки се придружиле, формирајќи агресивна група.
Кога истражувачите ја носеле маската во друга област, страчки кои никогаш не биле заробени го препознавале „опасното лице“, демонстрирајќи како овие птици учат преку друштвени методи а не преку лично искуство. И птици во роднинска врска и непознати птици се приклучувале во гракањето и мобингот, на оддалеченост и до 1,5 километри од оригиналниот инцидент. Штом таквото лице биде забележано во меморијата на страчката, најверојатно останува таму засекогаш. „Нашата студија покажува дека меморијата трае миниму пет години, може и повеќе“ додал Марцлуф.
Индивидуалните страчки кои се возрасни можат да живеат 15-40 години во дивината (повеќето умираат додека се млади, но оние кои ќе преживеат живеат долго време) и најверојатно се сеќаваат на повежните асоцијации од целиот нивни живот.“ Претходно истражување демонсрирало дека страчките се особено интелегентни птици. „Други научници имаат покажано дека страчките прават и користат алатки, предвидуваат настани, разбираат работи кои други животни ги знаат, и – во нашиот случај – учат од индивидуалното искуство како и преку набљудувањето на родителите и останатите птици“ објаснил Марцлуф.
„Тоа се се напредни когнитивни задачи кои можат да се видат само кај неколку животни.“ Тој вели дека и други друштвени, долговечни видови кои живеат во близина на луѓето би можеле да споделуваат информации на сличен начин. Меѓу оние животни кај кои ова е возможно се којотите, ракуните, галеби, гулаби и стаорци. Сите би можеле да практикуваат комбинација од друштвено учење и учење преку експерименти. Вториот метод дава попрецизни информации но е поризичен од индиректното друштевено учење.
Во животинското царство, луѓето ја имаат предноста на јазикот бидејќи можеме усно да предупредиме други за одредени опасности. Вокализацијата навидум не е доволна за страчките, на кои најверојатно им е потребно визуелно набљудување за разбирање на информацијата. Ен Кларк, професор од одделот за Биолошки Науки од Бингамтон Универзитетот вели дека оваа нвоа студија „покажива колку долгорочните студии на индивидуите можат да придонесат кон нашето разбирање на адаптивното друштвено учење“.
Таа додала: „Се сомневам дека секој што работел со страчки не би бил изненаден од резултатите кои налагаат дека постојат неколку методи за ширење на знаењето, но овој тип на формално, емпириско тестирање е потребно.“ Кевин Мекгован, инструктор од Корнел Лабораторија за Орнитологија, се надоврзал на коментарот на Кларк, велејќи дека откритието е големо изненадување за „секој што мисли дека животните учат само преку директно искуство“. Тој додал: „Друштвените животни се друштвени поради голем број добри причини. Оваа студија прикажува еден од посуптилните начини на кои животните имаат корист од интеракциите со други членови на нивниот вид.“ [Angry birds: Crows never forget your face]