Тимот на Стопанска банка составен од Милица Неделковска, Кристина Николовска, Владислав Мишев, Стефан Пеповски и Бранко Марсениќ е победник на дводневниот натпревар за најдобро креативно решение за бизнис студија на случај Македонија 2012, во организација на Бледската школа за менаџмент (IEDC) Alumni клубот од Македонија во конкуренција на 6 тима.
Овој натпревар се одржа во организација н IEDC Alumni клубови, во 4 земји од регионот. Целнта на овој настан е промоцијата на бизнис образованието и конкурентноста на компании, како и стимулација на младите менаџери постојано да се трудат, едуцираат и да пронаоѓаат нови начини за подобрување на нивните професионални вештини.
Натпреварот беше два дена, во кои шест члена создаваат функционални тимови кои доаѓаат од индивидуални компании и имаат можност да учат од и да се натпреваруваат против други тимови од разллични компании. Целта на овие натправри е зајакнување тимскиот дух во самите компании, да се искористи нивната иновативноста и да им се помогне на поединците да изнајдат сопствени креативни решенија за предизвиците, наместо да им се каже што да прават.
Тимовите имаат време од 24 часа да се подготват за нивната презентација и креативно решение за дадениот проблем пред комисија составна од професори. Исто така имаат шанса за пробна презентација и со повратни информации и совети од членовите на комисијата се дозволени уште неколку часа за финална презентација пред да се прогласи победникот.
Наградата за победничкиот тимови на поединечни земји е учество на тимот на еден од изборни МБА курсеви во IEDC-Блед школа за менаџмент. Тимот кој ќе победи на својата земја, добива право да се квалификуваа за Глобал Студија на случај за конкуренцијата.
/Фактор.мк