Ако прашате било кого дали чуле за некој голем ѕид, најверојатно ќе се спомне Кина. Еден мал, слабо посетен град во Хрватска има добро чувана тајна, ѕид стар стотици години кој е најдолгиот фортификациски систем околу град во Европа, и втор по должина во светот. Но ретко кој има чуено за Ѕидот од Стон.
Ако прашате било кого дали чуле за некој голем ѕид, најверојатно ќе се спомне Кина. Еден мал, слабо посетен град во Хрватска има добро чувана тајна, ѕид стар стотици години кој е најдолгиот фортификациски систем околу град во Европа, и втор по должина во светот. Но ретко кој има чуено за Ѕидот од Стон.
Стон е едно од најпотеценетите локалитети во Европа ако се земе во предвид неговото историско наследство. Гратчето е малку поизолирано, на полуостровот Пељешац кој се наоѓа на околу 60 километри од Дубровник. Но Стон и соседното село Мали Стон имаат тајна која секој може да ја види. Двете населени места се поврзани со едноставно неверојатен ѕид, долг повеќе од пет километри. Ѕидот го обиколува Стон, а потоа се искачува по ридот до Тврдината Позвизд, по што оди се до селото Мали Стон.
Изградбата на ѕидот била во почетокот на петнаесетиот век, и во тоа време ѕидот имал одбранбена функција. Петте километри на ѕидот се украсени со триесет триаголни и десет округли кули. А што бранел ѕидот? Покрај тоа што бил замислен како прва одбранбена линија за Дубровник, ѕидот штител скапоцен ресурс, сол.
Во средниот век областа станала центар за производство на сол. Пред да биде напуштен и оштетен од природата, ѕидот ја штител Дубровничката Република. Ѕидот има форма на неправилен петтоаголник и неговото градење се протегало во два векови. Покрај талентот на локалните ѕидари како Жупан Буниќ (1455) и Паскоје Миличевиќ 1488-1506 дел од изградбата на ѕидот била надгледувана од Италијанецот Бернардин во 1461 и Французин, познат само како Оливие помеѓу 1472 и 1478.
Во Мали Стон има пристаниште кое функционирало на крајот на петнаесетиот век и е заштитено од ѕидини, кои потекнуваат од истиот период како и големиот ѕид, со порта, кула и неколку арсенали. Стон бил подложен на долгогодишна реставрација пред да биде отворен за туристите во 2009 година. Поради големината, ова била една од најголемите и најскапи реставрации по војната која заврши во 1995.
Реставрацијата била започната во 1960 година од Лукша Беритиќ, конзерватор од Дубровник, но сериозната реставрација на ѕидот започнала во 2003. Но, работата не траела толку долго поради војната. Главната причина била што реставрацијата била правена со користење на истите методи со кои бил изграден ѕидот. Камењата биле обликувани дел по дел на начин кој би им бил познат и на средновековните мајстори.
Ѕидот во Стон може да биде главната причина поради која би го посетиле овој прекрасен дел на Хрватска. Но, ако сте фан на остриги, не си заминувајте пред да ги вкусите остригите од Стон. Иако е пристрасно, локалното население инсистира дека тие се најдобрите остриги во светот.