Столтенберг: НАТО преговара да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност

Во изјавата за британски Телеграф, генералниот секретар на НАТО вели дека соочени со зголемена закана од Русија и Кина, членките на Алијансата разговараат во однос на нивниот нуклеарен арсенал како средство за одвраќање

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објави дека НАТО Алијансата преговара за распоредување на нуклеарно оружје, негово вадење од складиштата и ставање во состојба на готовност. Во изјавата за британски Телеграф, Столтенберг вели дека соочени со зголемена закана од Русија и Кина, членките на Алијансата разговараат во однос на нивниот нуклеарен арсенал како средство за одвраќање.

EPA-EFE/Fernando Villar

„Нема да зборувам за оперативните детали за тоа колку нуклеарни боеви глави треба да бидат ставени во функција и кои ќе се складираат, но треба да се консултираме за овие прашања“,

вели генералниот секретар на НАТО за британски Телеграф.

Додаде дека целта на НАТО е свет без нуклеарно оружје, но дека, сепак, тоа постои. Во оваа насока генералниот секретар на НАТО рече дека Алијансата ќе остане нуклеарен сојуз, оценувајќи дека светот во кој Русија, Кина и Северна Кореја имаат, а НАТО нема нукеларно оружје, е поопасен свет.

Столтенберг минатата недела рече дека нуклеарното оружје на Алијансата е „крајната безбедносна гаранција“ и средство за одржување на мирот.

- Реклама -