„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите 2.5 години за граѓаните и државата“, порача претседателот на партијата „Достоинство“ – Стојанче Ангелов, на вчерашната трибина на СДСМ во рамки на кампањата „На прав пат“ во Делчево.
За нецели две и пол години Владата предводена од СДСМ успеа да ги реши најголемите прашања со нашите соседи и да го отвори патот кон иднината. Благодарение на политиките на Владата денес можеме да кажеме дека сме горди Македонци од Северна Македонија, а не Скопјани, како што бевме претходно, рече Ангелов.
„За нецели две години, се реши проблемот не само со Грција и Бугарија, нашите соседи, туку се решија и внатрешните проблеми и мeѓyeтнички затегнати oднocи.
Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме. Денес нашата држава е држава за сите граѓани кои живеат во неа, без разлика на нивната вepcка и пoлитичкa пpипaднocт“, истакна тој.
Уште еден показател за успесите, според Ангелов, е и тоа што наскоро земјава станува членка на најголемиот и најмоќниот сојуз во светот – НАТО алијансата. Ангелов изрази надеж и дека наскоро земјава ќе добие датум за преговори со Европската унија, бидејќи, како што рече, нашата држава и граѓаните тоа го заслужуваат.