Стојанче Ангелов и „Дocтоинство“ во одбрана на Ристе Бањоглав против лихварот

Откако „ТВ Стар“ ја објави сторијата за проблемите на Ристе Бањоглав со лихварот кој преку извршител бара присилно иселување на петчленосто семејство од нивниот дом во Долни Балван, напомош се понудиле и Стојанче Ангелов и неговата „Дocтоинство“, објави штипската телевизија.

Покрај одредена финансиска помош од партијата, на која Ристе Бањоглав е член, од партијата побарале во пресрет да излезат и граѓаните.

„Сите заедно ќе му помогнеме на Ристе да излезе од оваа ситуација во која се наоѓа. Првиот проблем се финансиите, вториот е човекот кој сега формално-правно е сопственик на куќата. Да покаже малку човечност, бидејќи ние ќе му го исплатиме целиот долг“, изјави Ангелов. Целата статија ТУКА.

- Реклама -