Стоењето е поздраво отколку што претпоставувате

Многу пати сте прочитале дека седењето по цели денови ни штети. Но, она што можеби не го знаевте е колку добро може да ни донесе едноставно, неколкучасовно стоење дневно.

Би-Би-Си и Универзитетот во Честер направиле едноставен експеримент со мала група од 10 доброволци. На испитаниците им биле прикачени акцелерометри (направи што мерат движење), срцеви монитори и мерачи на глукоза, а се што требало да направат е да стојат минимум 3 часа во денот. Добиените резултати биле споредени со резултатите од деновите кога испитаниците седеле:

  • Во „стоечките“ денови, нивото на глукоза во крвта, после оброк, се враќало во нормалата многу побрзо отколку во „седечките“. Високите количини на глукоза  се поврзуваат со зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес.
  • Стоењето допринело испитаниците да имаат многу повиска фреквенција на срцева работа (околу 10 отчукувања во минута повеќе), што значи согорување на 50 повеќе калории за еден час, отколку при седење. Годишно, тоа би значело согорување на 30.000 калории повеќе, или 3.6 килограми масти.

Изразено во активност, дневното стоење од минимум 3 часа би било еднакво на трчање околу 10 маратони годишно. Да, едноставно стоење од 3 часа.

flexo-standing-desk-maple-surface

Ова е уште едно мало истражување што дополнителен сугерира дека станувањето од фотелјата е добро за вас, особено за оние што сакаат да изгубат или да ја одржат телесната тежина. Тоа не значи дека не треба да се вежба, но во меѓувреме, станете и пребарајте го интернетот за разните стоечки бироа и работни маси, кои во последно време се сé повеќе во мода.

- Реклама -