Стивен Тајлер: На дрога потрошив 6 милиони долари

Фронтменот на бендот „Аеросмит“ Стивен Тајлер, откри дека потрошил 6 милиони долари на дрога признавајќи: „Може да се каже дека го исшмркав половина Перу“.

Екстравагантниот музичар, кој заедно со Џо Пери биле познати под надимакот „Токсични близнаци“, проценил дека низ неговите ноздри протекле милиони и милиони, но сепак, помалку од 20 милиони долари, како што своевремено се пишуваше во некои весници.

Тајлер оваа изјава ја дал во интервју за австралиската емисија „60 минути“, додавајќи дека „Веќе не е ниту важно“.

Долгокосиот 65-годишник е „чист“ повеќе од две децении, се додека не се претворил во зависник од лекови во 2009-та, иако подоцна и од тоа успешно успеал да се излечи.

Интервјуто ќе биде емитувано утре, недела, 24-ти февруари.

- Реклама -