Стивен Фрај го поддржува Хобитот

ХобитотАктерот Стивен Фрај го поддржал саутемптонскиот паб Хобитот кој е обвинет за нарушување на авторски права од страна на адвокати на Saul Zaentz Company (SZC) од Калифорнија. Господин Фрај кој е во Нов Зеланд и работи на филмот „Хобитот“ ја нарекол оваа постапка „бесцелно само-поразувачко заплашување“.

Неговата подршка го зголемила бројот на подржувачи на пабот на Фејсбук на над 15.000. SZC ги поседува правата за неколку брендови поврзани со авторот ЏРР Толкин, вклучително „Хобитот“ и „Господарот на прстените“. Пабот, кој се наоѓа во Бевоа Вели и е популарен меѓу студентите, работи под ова име повеќе од 20 години. Пабот користи ликови од приказните на Толкин на неговиот знак и има Фродо и Гандалф коктели на менито.

Филмовите „Господарот на прстените“ и новиот „Хобитот“ кои се дело на  New Line Cinema, се направени со дозвола на SZC. Во писмото испратено од SZC е побарано од пабот да ги отстрани сите заштитени термини и имиња на ликови. Компанијата тврди дека има „ексклузивни права за филмот, производите, сценски и други права поврзани со делата на ЏРР Толкин вклучително ,Господарот на прстените’ и ,Хобитот’“.
 
На Twitter, господин Фрај напишал: „Искрено понекогаш се срамам од мојата професија. Колку бесцелно само-поразувачко заплашување“. Менаџерот Стела Мери Робертс изјавила: „Воодушевени сме. Поддршката беше феноменална. На крајот на денот ова е правна работа. Ова само ни ја покажува подршката на луѓето и колку се ситни постапките на адвокатите“. Таа додала и дека имало наплив на муштерии кои побарале да купат Хобит маички во вторникот.
 
Исто така на Twitter претставникот за Саутемптон Ичен, Џон Денам, напишал: „Би помислил дека компанијата заработува доволно пари од филмовите за да го остави популарниот паб Хобитот на мир“. Мајкл Којл, експерт за интелектуална сопственост од Lawdit Solicitors во Саутемптон изјавил: „Проблемот за Стела е што овие луѓе имаат толку многу пари а трошоците би можеле да достигнат и до шест бројки. Ова е покер – на крајот би победиле зашто имаат длабоки џебови“.
 
„Би било тешко да го спречат пабот да го користи името – не би било фер поради должината на периодот во кој го користат. Проблемот најверојатно би бил во користењето на слики, фотографии и имињата на пијалаците. Но ова би било лош публицитет за филмот – повеќето луѓе се на страната на пабот што значи дека ќе има негативна реакција.“ [Stephen Fry backs Hobbit pub in Southampton over legal action]

- Реклама -