Актерот Стив Мартин стана татко за првпат во неговите 68 години. Медиумите шпекулираат дека тој и неговата сопруга Ен Стрингфилд (41), новинарка во New York Times, добиле принова во декември, минатата година.
Иако двојката, позната по чување на приватноста, ја држеле во тајнот и оваа радосна вест, неодамна била видена како шета со бебето во Лос Анџелес, пренесуваат американските таблоиди.
„Имаат бебе, но никој не знае како успеаа да го држат тоа во тајност“, рекол неименуван извор за New York Post.
Стив и Ен се венчаа во 2007 година по три години заеднички живот. Мартин пред тоа беше во брак со Викторија Терант од 1986 до 1994 година.