Современите модни икони како Ријана, Сара Џесика Паркер и Мишел Обама успешно ги промовираат бисерите и ги враќаат во центарот на случувањата.
Покрај современите стилкси икони, тука се и легендарните Ева Перон, Марија Калас, Жаклина Кенеди, Јованка Броз и принцезата Дајана кои се најпознатите промоторки на бисерниот накит.
„ Chanel“ изгледот со децении е незамислив без бисерите. Тие се единствени, а прекрасното прелевање на боите и нивниот сјај не можат да се споредат со ниту еден накит. Бисерите даваат префинетост и отменост, а можат да се комбинираат и со други парчиња на накит.
За нив слободно можеме да кажеме дека траат колку и модата. Нека биде вашиот изглед украсен со бисери. Погледнете ги нашите предлози и уживајте во царството на бисерите.