Стигнува 3D апликација за Камасутра

Новата апликација би требало да им овозможи на корисниците проучување на најпознатата книга за љубовта и еротските пози во тридимензионална техника.

Најновата технологија би требало наскоро да овозможи трансформација на класичните илустрации од Камасутра во холограми кои ќе се појавуваат на таблетите или паметните телефони.

Секоја илустрација ќе може да се види од сите агли што значи дека корисниците ќе може да се запознаат со сите детали што се врзани за одредена поза.

kamasutra

 

Апликацијата, како што е најавено, ќе биде бесплатна и доаѓа со нова верзија на текстот кој се заснова на древната индиска филозофија, за која се смета дека е напишана пред 2000 години.

Апликацијата „Kama Xcitra“ ќе им овозможи на двојките подобро од кога и да е да го истражуваат тоа што е напишано во книгата.

„Повеќе од илјада години луѓето ја користеле Камасутра како водич и советник како да уживаат во љубовниот живот, но некои од компликуваните пози ги оставале читателите збунети. Сѐ до сега кога ќе сѐ биде откриено со 3D прикази“, рекол директорот на компанијата Xcite Books, која е вклучена во изработка на aпликацијата.

 

- Реклама -