Еден велосипедист од Индијана сними чудна светлина во облаците, а целата ситуација изгледа како некој џин да си игра со пламен на небото. Се разбира, џинови не постојат, па многумина претпоставија дека се работи за вонземјани.
Всушност, се работи за чуден природен феномен. Имено, „електричното празнење на гром во самиот облак може привремено да го промени електричното поле над облакот, каде наелектризираните ледени кристали ја рефлектираат сончевата светлина“, се вели во објаснувањето на apod.nasa.gov за едно друго слично видео. „Новото електрично поле брзо ги реориентира геометриските кристали, при што при секоја промена сончевите зраци се рефлектираат во различна насока“.