Ако мислевме дека да се бара од една држава да си го смени името за да стане дел од една од најпрогресивните организации базирана на правдата и еднаквоста во 21 век е апсурд, тогаш ова што денеска се случува мора да е надреално лудило. Бугарија бара да прифатиме дека Тито нѐ украл од дома (Мајка Бугарија) и дека ние преку ноќ сме се заљубиле во својот киднапер и сме прифатиле нов идентитет, па бара „да му се вратиме на својот бугарски корен“. Бугарскиот врв повторува дека нема да попушти ниту педа. Македонската Влада уверува дека за идентитетот и јазикот не преговара. А сепак, за нешто преговара. Бугарската влада, пак, намерно си ги врза рацете со тоа што изгласа официјална бугарска позиција со поддршка на целиот бугарски парламент и сега и да сака, тешко дека може да отстапи. Додека власта бара да не подлегнуваме на провокации и да сочуваме „ладна глава“, кај оние кои нѐ оспоруваат апетитите (и халуцинациите) растат од ден во ден.
Во целиот овој хаос, не е ни чудно што настануваат вицови како овој во продолжение, кој, ако не беше и комичен, ќе беше едноставно трагичен: