Католичко училиште во Јужна Австралија мораше да ја покрие статуата на светец што му дава леб на дете. Зошто? Зашто на некои им личело како… на детето да му дава нешто друго.
Се работи за споменик на Сент Мартин де Порес, псотавен пред Blackfriars Priory School во Аделаид. Не требаше да помине многу време пред да привлече многу внимание, а кога сликите беа објавени и на социјалните мрежи, јасно беше дека ќе предизвика бурна дебата.
Е па, таа „дебата“ резултираше со ветување од страна на училиштето дека статуата ќе биде редизајнирана. Во меѓувреме ќе стои покриена со црн чаршаф.
Директорот на училиштето рече дека била дизајнирана од скулптор во Тајван. Кога биле разгледувани 2Д скиците, во нив немало ништо „сугестивно“. Претставници од училиштето се извинија за „загриженоста и публицитетот предизвикан од овој проблем, и преземаат акција за значително изменување на статуата“. За редизајнот е ангажиран локален скулптор.
Во меѓувреме, оставаме на вас да одлучите што е овде перверзно: статуата, или умот зад окото на набљудувачот. Додека се мислите, некој трет воочи нов проблем:
„Со црната покривка изгледа уште посомнително“.