Стари игри што сме ги играле како деца

Секогаш со носталгија се присетуваме на социјалниот живот од детските денови и за тоа колку многу обожававме да излегуваме на улица и да си играме, додека родителите не започнат да викаат по нас.

Се сеќавате ли како порано изгледаше еден ден поминат во друштво на другарчињата од маало?

Започнуваше со ѕвонење на фиксен телефон или најчесто собирање од врата на врата.

Потоа веднаш започнувавме со играње. Девојчињата – ластик, барбики, шишање кукли, хулахоп, јаже, плочка…Момчињата најчесто џамлии, фудбал, или пак сите заедно правевме шатор од ќебиња или куќа од големи картонски кутии, каде што потоа разменувавме детски пошти или салфетки.

Секако да не ги заборавиме и легендарните „Сакате ли силна војска“, „Јанино јанино“ или пак раѓањето на првите невини и збунети чувства и очекувањето да ти понуди  симпатијата да се потпишеш во неговиот/нејзиниот лексикон.

Кога ќе паднеше ноќта задолжително се играше криенка или ред ред други игри кои што се пренесуваа од генерација на генерација, зашто тоа беше единствениот начин како да наслушнеш нова игра или сосема несвесно да ја пуштиш детската имагинација и да измислиш своја.

Секако, доколку се сетите на уште некоја детска забавна интеракција потсетете не во коментар… И не заборавајте, и ние сме должни да ги пренесеме овие игри на следните генерации, како што нашите постари браќа, сестри, соседи и родители ни подариле нам вистинско детство, споделувајќи го рецептот наречен игра со другарчињата надвор.

За поубаво да ве потсетиме на сето она кое што се случуваше порано, во прилог можете да погледнете неколку фотографии.

kids5 kids6 kids9 kids13 kids19

- Реклама -