Црногорскиот интернационалец Мирко Вучиниќ е херојот на Јувентус откако успеа со гол во продолжението да ја однесе „Старата дама“ во полуфиналето на италијанскиот Куп, и тоа преку Милан.
На дерби четвртфиналната пресметка, Милан прв дојде до водство преку Ел Шарави уште во 6. минута, за да веќе во 12. минута Џовинко успеа да го израмни резултатот. Со резултат 1-1 до крајот се замина во продолженија, а таму Вучиниќ со погодок во 95. минута донесе славје за „црно-белите“ од Торино.