Совети од „прва рака“ за да се биде старлета без мака.
Многумина девојки кои ја следат на социјалните мрежи, Станија им е идол. Од ден на ден им дава лекции за „однесување“, па помисливме дека започнала со работа „мало училиште за старлети“.
Како да се сликате, од кој агол, дали да го истакнете задникот или градите… По сите овие совети, девојките кои ја следат на Твитер, до сега би требало да дипломираат.
А тогаш на ред дојдоа и „поговорките“ и советите:
– Љубовта е вечна само партнерите се минливи- напишала Станија и додала:
– Љубомората секогаш трае еден ден подолго од љубовта.
– Непријателите ги чувам во близина… спијам со нив!
– Не се фали со тоа што немаш непријатели, тоа само докажува колку си безвреден!- заклучила Станија.