Станија: Ќе основам партија, одам на избори

Во политиката би можела да ги остварам своите амбиции. Парламент, министерство, дипломатија – се ме интересира. Народот ме знае, па ќе гласа за мене, рекла српската старлера, која не сака да остане запаметена по голите фотографии.

Како што објави весникот Информер, Станија вели за себе дека не се гледа како учесничка во риалити програма и девојка за насловните на машки магазини, туку како сериозна пратеничка во парламент, затоа што истакнува дека низ политиката може да ги оствари своите амбиции.

stanija

„Сакам да се остварам во политиката. Комуникативна сум, наскоро ќе дипломирам економија и себе се гледам на некоја сериозна работа. Не сакам да ме паметат по сликањето и реалните шоуа, тоа беа мои хирови. Во иднина, кога ќе имам деца и семејство, во политиката би можела да ги остварам своите амбиции. Парламент, министерство, дипломатија, се ме интересира“, раскажала Станија за Информер.

Таа додала дека моментно не е член на ниту една партија, но изгледа не е ни упатена што се случува на српската политичка сцена, имајќи предвид дека се збунила на прашањето која партија ја предводи Чедомир Јовановиќ.

Stanija-u-kadi-1

„Оф…Не можам сега вака напамет. Не сакам да зборам поединечно за лидерите и партиите, но знам кој е“, рекла Плејбој зајачицата, која има во план да формира своја партија.

„Не сум член на ниту една партија. Во таа смисла сум невина. Можеби ќе формирам своја и со неа ќе се кандидирам на изборите. Народот ме знае, па ќе гласа за мене“, раскажала старлетата.

- Реклама -