Целосната иксористеност и функционалноста ќе ви даде погрешен впечаток за овој стан во Загреб односно за неговата големина. Иако изгледа простран, се простира само на 53 метри квадратни.
Тоа и не зачудува поради фактот дека станот е во сопственост на архитектка која го адаптирала за своите потреби.
Станот се наоѓа во зграда од 1930 година, а архитектката сосема го адаптирала на нејзините потреби. Пространоста пред сѐ ја постигнала со рушење на сите непотребни ѕидови и врати. Голема улога играат и светлите бои кои преовладуваат во станот, а белилото е разбиено со црвени детали.