Стакленото ѕвоно – Силвија Плат

Првобитно објавен под псевдонимот Викторија Лукас, единствениот роман на поетесата Силвија Плат излегува во печат истата година кога таа решава да си го одземе животот.

92156ac0d68dc43471c15195cedb07dcОвој роман е обид да се промисли својот живот низ зборовите, обид испишувајќи го своето писмо да се испише и сопствениот живот.

Пишувањето отсекогаш било креација, создавање на еден нов свет, на поинаква реалност. А писателот ја има сета слобода да создаде космос според своите правила, различен, а, сепак, толку близок до реалноста, како некој вид друга димензија на истиот време-простор.

Во оваа приказна, Плат раскажува дел од својот живот, но нејзиниот фикционален лик не е само олицетворение на самата Плат, туку и слика за човекот застанат пред својот живот, пред амбисот кој се отвора пред него и му го наметнува прашањето: каде одам? Дали се изгубив на својот пат?

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани
- Реклама -