Ксенија Пенкина прави од оние најпопуларните глазирани/стаклени/огледало (како сакате наречете ги) торти, ама ги прави до совршенство. Вели дека за една ѝ требаат три дена, бидејќи користи многу ретки и уникатни техники. Направени се со природни состојки, вистински крем, млеко, овошја, чоколади и бисквити. Вели дека ако добро се направени, буквално можете да си го видите одразот во нив.
Повеќе: Instagram